Не го вознемирувајте возачот во автомобилот во кој се возите- следува казна

Ќе бидете казнети доколку на било кој начин го вознемирувате возачот во автомобилот во кој се возите.

Во членот 165 од законот се вели: Лицето кое се превезува со возило, не смее на било кој начин да го попречува возачот во управувањето со возилото, да влијае врз возачот да управува со возилото на начин со кој се намалува безбедноста на сообраќајот, ниту да презема дејствија со кои ја загрозува сопствената безбедност или безбедноста на другите (отворање на врата, наведнување преку прозор, скокнување, искокнување од возилото и слично).

За непочитување на оваа одредба од законот предвидена е казна од 50 евра.