Не го давајте своето срце секому

Не го давајте своето срце секому, дајте го на личност која ја подава својата рака кон вас дури и во моментите на тишина, за да знаете дека секогаш е тука за вас. Чекајте ја личноста која ќе ве прегрне, а нема да замине покрај секоја кавга, мала или голема. Таа личност е онаа која нема да дозволи да се чувствувате мало и виновно. Која нема никогаш да ви дозволи да се чувствувате инфериорно во врската и која ќе направи сѐ за да се чувствувате сигурно во оние моменти кога се чувствувате изгубено и исплашено.

Не го давајте своето срце секому, бидејќи во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве праша што не е во ред, наместо да ве остави да молчите со денови. Тоа ќе биде личност која ќе сака да разговара и да ги решава проблемите како што надоаѓаат. Тоа е и личност која ќе преземе одговорност за своите постапки, наместо да ја префрла сета вина на вас. Која ќе се појави на вашата врата и искрено ќе се извини.

Тоа е онаа личност која нема да си игра со вашите чувства и која секојдневно ќе ве потсетува за нејзините чувства за вас. Тоа е личноста која нема да има проблем да ви пише прва, која ќе направи да заборавите на вашата болка од минатото.

Оваа личност ќе направи да се чувствувате специјално. Ќе ги исполни своите ветувања, ќе ве почитува и ќе се однесува со вас онака како што заслужувате. Тоа е онаа личност која ќе ви помогне да спиете подобро ноќе, бидејќи ќе остане до вас. Оние на кои ќе им недостигате пред да си заминете.

Не го давајте своето срце секому. Најдете ја оваа прекрасна личност и чувајте ја.