Не ги оставајте незабележани малите нешта, тие ја носат најголемата среќа во животот

Дали ви се случило нешто што ве натерало да си речете себеси “Чудно е како пред неколку минути, воопшто немав поим за тоа“.

Или, дали се потсетувате на првиот поглед кој сте го споделиле со личноста која ја сакате? Или пак последниот поглед со некоја личност која веќе не е дел од вашиот живот?

Животот може да се смени во секунда, некогаш на најдобриот можен начин, но некогаш на начин кој тежи на нашето срце. Знаејќи го тоа, треба да уживаме во сите моменти во нашиот живот и да не ги оставаме незабележани малите нешта кои се дел од нашите денови.

Сонце на вашето лице.

Убав мирис на свежо косена трева.

Прегратка од оние кои ги сакате.

Убав збор или гест од колегите.

Насмевка од детенце во парк.

Колку е топол креветот кога ќе се разбудиме.

Смешките на вашето домашно милениче.

Трапавоста на некој од вашите најдобри пријатели.

Чаша вино пред спиење.

Нова епизода од вашата омилена серија.

Парчињата облека кои сакате да ги носите.

Омилената песна додека се возите во автомобил.

Смешна порака од најдобриот пријател.

Кога некој е горд на вас.

Неочекувана средба со средношколски другари.

Зајдисонце.

Снег во сабота наутро.

Убава книга.

Вкусно топло чоколадо.

Убавото чувство кога некоја грижа ќе исчезне.

Вашата омилена храна.

Тивок момент на уживање.

Туширање пред спиење.