„Не е злато, се што сјае" - вака го опишуваат животот оние кои заминале да работат во земјите од Емиратите

Борба за егзистенција, личен напредок, успех во кариерата, брза заработка, па се до уживање и лудување во младите години.

Ова се најчестите причини поради кои се ноголем број Македонци заминуваат на работа во странство. Една од дестинациите кои се број еден за македонските иселеници се земјите од Емиратите, или најмногу во Дубаи и Абу Даби.

Според неофицијалните податоци од агенциите за посредување при вработување околу 7.000 Македонци живеат и работат во Емиратите, а само 5.000 се во Дубаи кој е најразвиениот и најбогатиот емират. Просечно од Македонија во Дубаи заминуваат од 300 до 500 луѓе годишно. Најмногу работат како келнерки, шанкери, собарки, продавачки. Освен преку агенции се зголемува и бројот на оние кои одат на своја рака, односно сами си наоѓаат работа и си ги договараат условите.

Но, и покрај примамливите плати, кои во Македонија ни на сон не можат да ги заработат, и покрај сјајот на луксузот и богатството и можностите кои се нудат тука, не е се како што изгледа или како што велат "Не е злато, се што сјае".