Не е важно во што гледаш, туку важно е што ќе видиш

„Не е важно во што гледаш, туку важно е што ќе видиш.“ – Хенри Дејвид Торо

Ние можеме да гледаме, но тоа не значи дека навистина гледаме. Можме да слушаме, но не значи дека ќе чуеме. Може да бидеме живи, но не значи дека живееме.

Две личности може да ја гледаат истата работа, а сосема поинаку да ја доживеат. Можат да ги слушнат истите зборови, да ги читаат истите книги и да имаат сосема различно разбирање за тоа што го прочитале. Затоа јазикот, зборовите и другите начини на изразување се неверојатно огтаничени. 

Ние сме многу повеќе од тела. Нашето тело и приказната поврзана за телото е нашата површинска реалност. Другата димензија на она што сме е длабоко во нас. Иако и површинското поистоветување со нашето тело и мисли е навистина реално, тоа е сепак само површинско и привремено. 

Тоа е исто како кога ќе видиме некого. Телото на таа личност може да биде убаво и складно и површински да нѐ привлече, но тоа не значи дека таа личност е привлечна и убава. Она што е внатре е многу поважно. 

Освен што имаме свое место во историјата на местото и времето во кое живееме, ние во основата сме она што сме во длабочината. Ова спознание нѐ ослободува и нѐ потсетува да не го бараме само своето конечно чувство во идентитетот на површината – онаму каде никогаш нема да го пронајдеме. Нѐ ослободува од она фрустрирачко чувство дека во животот секогаш нешто недостасува или дека не е онака како што би требало да биде.