Не е важно што имаш, важно е што внесуваш во животот на другите...

Не е важно што имаш, важно е што внесуваш во животот на другите. Не е важно колку пари имаш во банка, колкава е твојата куќа, ниту пак каков ти е автомобилот. Важно е што внесуваш во туѓите животи – дали мир или немир.  

Дали твоето присуство внесува напнатост и другите едвај чекаат да избегаат или со насмевка ти приоѓаат и сакаат да поминат што е можно повеќе време со тебе. Ти одлучуваш! Не е важно што имаш, туку како им пристапуваш на другите. Дали им пристапуваш со почит или со кренат нос, затоа што мислиш дека имаш постигнато некаков успех па сметаш дека никој не може да се мери со тебе. Или можеби повеќе не ја бараш близината на оние кои биле во твоја близина и кои биле покрај тебе и во добро и лошо и сега се дружиш со угледни и познати ликови, луѓе кои мислиш дека се исти како тебе. 

Не е важно што имаш, важно е какви чувства будиш во другите. Дали се тоа нежни чувства полни со топлина и радост или тоа е едно мачно чувство кое се појавува само кога си во близина на личност со која мора да внимаваш што ќе кажеш? Труди се да будиш позитивни чувства, луѓето нека те памтат по убавите зборови и енергија, нека помнат како прекрасно се чувствувале во твоја близина. Не е важно што имаш, важно е што колку од тоа го споделуваш со другите. 

Дали тоа што го имаш го гледаш како причина да почнеш да се однесуваш како да си нешто повеќе од сите други? Затоа што сето тоа може утре да го изгубиш и да се прашуваш зошто ти било такво однесувањето, зошто животот ти бил скроен според туѓи параметри и дали во тој процес се загуби себеси и сите оние кои биле покрај тебе и покрај сѐ, луѓе кои верувале во тебе и кои делеле сѐ со тебе. 

Ти одлучуваш!