Не е важно колку, важно е да е од срце!

Македонската репрезентација до 19 години, на своја иницијатива, денеска посетија и им поделија прехранбени и други неопходни продукти на четири семејства од околината на Чаир и Скопска Црна Гора.

Момците од нашата младинска репрезентација наполнија само дел од полициите на четирите семејства, но срцата им беа целосно полни.

Немојте да се оптоварувате со количините, секоја помош е добредојдена. Неколку килограми брашно, ориз, тестенини, килограм масло...шампон, средства за хигиена, напиша македонската фудбалска репрезентација на фејсбук.