Не е тешко да сфатиме дали некој нѐ сака, само треба да ги отвориме очите

Како знаеме дека некој нѐ сака?

Едноставно е. Со нив, не се грижиме толку многу каков впечаток ќе оставиме. Работите се природни и едноставни. Чувствувавме спокој и имаме огромна насмевка на лицето.

Веќе не нѐ мачи долгата тишина на телефонот, не се нервираме за неодговорените пораки. Не мислиме дека сме направиле нешто погрешно. Едноставно е, со тек на време се навикнуваме на таа личност и веќе не чувствуваме немир како што чувствувавме претходно со сите други пред неа.

Не сме толку збунети, не се прашуваме дали вредиме доволно и не сме преморени од долгото прашување дали нѐ сакаат. Знаеме дека сме сакани.

Тогаш, ќе се прашуваме зошто ни биле потребни толку многу години за да ја запознаеме таа личност. Конечно сме благодарни што сме ја сретнале и знаеме дека тоа е тоа. Таква е и таква треба да биде љубовта.

Со нив си испраќаме пораки цело време, работите се едноставни, можеме да поминеме цело попладне во парк и да заборавиме на времето. Со нив, не постојат теми кои ги избегнуваме и со нив сме искрени. И тие се со нас. Знаеме дека тоа што го имаме е вистинско.

Тие ќе ги запаметат нашите посебни денови, датите кои ни се важни и моментите за кои живееме. Тие се тука за нас, да ни покажат зошто толку долго сме ја чекале љубовта.

Тие се љубовта.