Не е крај – животот продолжува после секоја загуба

Тагата не е состојба која треба да се лечи, туку природен дел од животот. Тагувањето е мачно, но тоа  е дел од животот. Дури и по најтешката загуба со време можеме да дојдеме до мир, утеха и исцелување.

За почеток, треба да знаете дека имате способност да создадете нова и позитивна реалност. Тоа што сте го смениле начинот на однесување за тагата и загубата не значи дека нема да чувствувате болка која и да ви текне на таа личност, туку значи дека нема да заглавите во една безнадежна состојба. Вашата болка е само ваша и на вас останува да ја доживеете и поминете низ неа, во сите нејзини фази.

Ваквите ситуации ни помагаат да научиме нешто за себе, но и за животот. Да утврдиме од што се плашиме, да дознаеме дека животот е краток и кревок, но и да сфатиме што е вистинска љубов. 

Тешките времиња постојат за да ни покажат дека животот е дар и дека и луѓето кои ги сакаме се исто така, подарок. Додека тагуваме, често мислиме дека не можеме да живееме без конкретната личност, но не е така. Можеме. И, полека ќе успееме.