Не дозволувајте луѓе кои немаат ништо човечко во себе да ја убиваат вашата човечност

Не дозволувајте да го направат тоа на начини со кои ќе ве повредат, скршат, обесхрабрат или разочараат, затоа што слободни сте околку колку што во вас е силна вашата човечност.

Не дозволувајте да ве заробат со желба за одмазда и да почнете да размислувате дека мирот ќе дојде дури откако ќе им вратите со еднаква мера. Нема мир, тогаш доаѓа само непрекинато немирно размислување околку тоа како да ги израмните сметките и жестока борба која нема ниту крај, ниту кочници. А животот на крајот секогаш го враќа она што луѓето го даваат.

Не дозволувајте да ви ја убиваат човечноста луѓе кои ви се обраќаат само кога имаат некаков интерес од вас. Имате можност да се издигнете над таквите луѓе и бидете свесни дека вашата добрина не мора да биде извор на вашата слабост, туку извор на вашата сила. Не дозволувајте да ви ја убијат човечноста луѓе кои мислат дека се поголеми од вас, па и вие да почнете да правите се за да бидете поголеми од нив. Оставете ги да се капат во сопственото его до моментот кога самите ќе почнат да загушуваат од сопственото его.

Не дозволувајте да ви ја убиваат човечноста луѓе кои немаат своја цел  и чија цел да се мешаат во туѓи животи и да ги полнат со негативност. Задржете го својот ведар дух наспроти сите паразити кои ве опкружуваат и достоинствено и спокојно направете граници. Не дозволувајте да ви ја убиваат човечноста луѓе кои шират страв на сите страни затоа што преку тој страв мислат дека полесно ќе ги контролираат другите, задржете го својот мир, затоа што само така ја задржувате и својата човечност.

Не дозволувајте да ви ја убиваат човечноста луѓе кои се подготвени да направат сѐ само за да стигнат до својата цел. Ако немате причина да бидете на нивниот пат, поместете се од тој пат и најдете ја својата животна оаза далеку од таквите луѓе и уживајте во својата слобода и својот мир. Секој пат кога со таквите луѓе влегувате во ринг, не очекувајте добро продолжение на вашиот животен пат. Мирот кој доаѓа од длабочината на вашата душа дека ги надвладее сите егоманијакални напади. Задржете ја човечноста, цената на мирот и среќата се наоѓаат само во неа и на ниту едно друго место.