Не должите никому ништо, ниту пак некој ви должи нешто вам

Тука вдишете длабоко. Ова правило ги пореметува сите луѓе, затоа што во текот на животот нѐ учеле да веруваме во голема лага. Научени сме дека ние нешто им должиме на луѓето, дека кон нив имаме некакви обврски и дека треба да очекуваме многу работи од луѓето за возврат.

Таа идеја е чиста глупост. Губиме неверојатно многу време правејќи работи кои не ги сакаме и не мораме да ги правиме, само затоа што чувствуваме вина дека нешто не сме направиле како што треба. Исто така губиме неверојатно многу време и чувствуваме големо разочарување кога нема да го добиеме она што сме го очекувале од другите.

Слободата лежи во друга насока.

Вистината е дека не должите никому ништо, ниту пак некој ви должи нешто вам. Добро е да им даваме на другите, но само кога и колку ние одбереме. Разликата меѓу слободните луѓе кои се господари на својот живот и оние кои се робови на животот лежи само во една работа, а тоа е: „Кој им ги поставува приоритетите?“

Слободните луѓе сами си ги поставуваат приоритетите, додека на луѓето кои не се слободни други им ги поставуваат приоритетите. Вашиот живот ви припаѓа само на вас и на никој друг.

Која е формулата за несреќа?

Доволно е да дозволите вашата благосостојба да зависи од нечиј туѓ избор.

Дали ви е потребна поддршката од оние кои ги сакате или потврда од родителите или пријателите или дозвола од кого било да го следите својот пат или да остварите успех?

Тоа не е живот, тоа е ропство.

Не барајте од никого да ви го донесе вашиот успех или среќа. Тоа е само ваша работа.

Вие морате да се погрижите за сопствената благостојба, никој друг нема да го направи тоа, ниту пак треба некој да го направи тоа.

Бидете одговорни за својот живот.