Не бегај од себе, затоа што немаш каде да побегнеш

Не бегај од себе, затоа што немаш каде да побегнеш.

Немојте да мислите дека во туѓа кожа ќе ви биде подобро или дека ќе си поминете поубаво во животот ако се преправате дека си нешто друго. Тоа е измама и лесно може човек да наседне на неа, особено кога гледате како живеат другите, а не знаете што навистина се случува во позадината на нивните животи, кога не знаете низ каква приказна поминале и што им приредил животот.

Немојте да мислите дека на другиот крај на планетата постои место во кое ќе ни се исполнат сите животни соништа.

Луѓето кои ве повредиле не вредат толку за да бегате од себе, тргнете се од нив и тоа е доволно. Тоа ќе ги реши повеќето проблеми во животот.

Тргнете се од оние кои мислат дека вредат повеќе од другите и затоа ги потценуваат сите, тргнете се од оние кои мислат дека сѐ мора да се врти околу нив.  Тргнете се од оние кои оставаат траги во облик на лузни на нечија душа, несфаќајќи дека некој ден некој ќе остави лузна на нивната душа и тоа ќе го промени нивниот живот.

Не бегајте од себе, затоа што нема каде да побегнете.

Секогаш гледајте посветлата страна на животот. Правете ги оние работи кои ја радуваат вашата душа, оние кои ве прават исполнети, а не оние кои го хранат вашето его. Ослободете се од вашето его и ќе се ослободите од преокупацијата за тоа што мислат другите за вас.

Не ставајте маски, затоа што ништо не сте промениле. Сѐ што ви е потребно е малку тишина и самотија и работите ќе почнат да се разбиструваат.

Ќе сфатите дека победувајќи се себеси станувате свои најдобри пријатели. Нема да се нервирате за неважни луѓе и во себеси ќе пронајдете прибрежиште во кое ќе ги најдете сите одговори.

Кога ќе го сретнете вашето друго јас, ќе сфатите дека со тоа што ќе го почитувате тоа јас, вашиот живот ќе стане подобар и посреќен.