НБРМ ќе пушти ковани пари „Вера, Надеж, Љубов“

Ковани пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов“.

Советот на Народната банка на Република Македонија ќе издаде и ќе пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, со апоен од 100 денари и во количина од 5.000 парчиња.

Народната банка исто така ќе пушти во промет кована пара за колекционерски цели „Тркало на среќата“, со апоен од 10 денари во количина од 7.000 парчиња.