НБ и ДЗС ќе го одбележат Денот на европската статистика

Народната банка и Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска со заеднички настан ќе го одбележат Денот на европската статистика.

Годинава, Денот на европската статистика се одбележува под мотото „Подобри податоци. Подобар живот“, а на настанот во Скопје ќе се обратат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на ДЗС, Апостол Симовски и шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.

Предавање ќе одржи и Пер Ниманд-Андерсен, советник во Европската централна банка на тема „Улогата на Европската централнoбанкарска заедница во обезбедувањето европска статистика“.