Навраќање во минатото: Ги препознавате ли овие објекти денес?

Со изработката на дефинитивниот регулационен план на градот од страна на техничкото одделение на градот во 1929 год., на чело со Јосиф Михаиловиќ, почнала изградба на многу јавни објекти во градот.

Eве неколку објекти кои се изградени тогаш, но денес сеуште го имаа својот автентичен изглед:

Објектот на поранешниот „Завод за социјално осигурување на работниците", или денес Специјална хирушка болница „Св. Наум Охридски", дело на хрватскиот архитект Драго Иблер, е првиот јавен објект во кој се применети принципите на модерната архитектура на територија на Р. Македонија. За архитектурата, историјата, вредноста пишуваат Горан Мицковски и Владан Џокич во списанието „Простор".

Железничката станица е општествен објект кој е изграден во стилот на традиционалната архитектура. Традицијата и фолклоризмот како израз на регионалното градителство и националниот дух, биле присутни во изработката на архитектонски објекти, за што се залагале и државната управа и инвеститорите, истакнувајќи ја желбата и определбата за градење на објекти во национален стил.

Ристиќева Палата - Изградена е во 1926 година според проектите на архитектот Драгутин Маслаќ, а скулптурите се изработени од Данило Станковиќ. Зградата имала деловни простории во приземјето,а станови на катовите. Таа е една од ретките згради од овој период која го преживела земјотресот и денес се користи за деловни простории.