Непосредно по завршувањето на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Реал Сосиедад, синоќа на скопски Битпазар се случи инцидент во кој беа каменувани два автобуси во кои се превезувале навивачи на ФК Вардар.

Имено, двата автобуси биле каменувани, бидејќи во него се возеле млади лица означени со обележја на ФК Вардар, дознава Скопје Инфо.  

Патниците во автобусот почнале да ги бркаат напаѓачите и за среќа веднаш реагирала полицијата, која набрзо ја ставила под контрола комплетната ситуација. 

Според полицијата околу 21,00 час. пријавено е дека на бул.Крсте Мисирков на постојката кај 26-ти Јули во автобус на ЈСП бр. 50 од страна на повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот.