,,Навивачи на неделата”: Фановите на Вардар прогласени за најдобри во Европа (Видео)

Актуелниот европски шампион Вардар доби шанса по да ја брани европската титула на фајнал-форот во Келн, откако вчера во една страшна драма во „Јане Сандански“ излезе како победник од двомечот со крајно незгодниот германски противник.

За прв пат спортскиот дом „Јане Сандански“ беше претесен и се бараше карта плус за да се присуствува на последниот натпревар одигран оваа сезона во оваа сала. Фановите на Вардар, уште еднаш се покажаа достојни и ги поддржуваа своите миленици на ниво кој би им позавидел секој. Поради тоа и го добија епитетот за ,,Навивачи на неделата”.

Како се навива, како се бодри и како се сака клуб, погледнете на овој ЛИНК.