Навивач на „Шкендија“ влета на теренот и го нападна гостинскиот голман (ФОТО)

На вчерашниот натпревар голманот на Гент, Јакоб Рине беше нападнат од неодговорен гледач, но редарите спречија поголем инцидент така што сè остана само на мал допир. Според она што може да се забележи на фотографиите има обид за контакт, но немаше никаква реакција од голманот, пренесува Телеграф.

фото: Телеграф

Навивачот се обиде да го испровоцира покажувајќи му знаци со рацете, но сè беше брзо решено од страна на обезбедувањето на теренот кое го тргна навивачот.

Покрај ова дојде и до тепачка на трибините меѓу навивачите на Шкендија. Според она што можеше да се забележи има и повредени лица. Бројката која засега е позната е дека се работи за тројца навивачи.