Навистина ми е преку глава од оваа ера на врски без обврски, јас сакам старомодна љубов

Како дојдовме до точката во која сосема е во ред да им се троши времето на луѓето и потоа едноставно да ги отфрлиш како никогаш да не постоеле?

Можеби сум редок пример, но јас навистина се приврзувам. Не можам да поминувам време со некого без да се приврзам за нив, да се грижам за нив и потоа кога ќе си заминат се прашувам што направив погрешн и зошто не бев доволна.

Сакам многу повеќе од овие нови верзии на „врска“.

Сакам да разговараме и убаво да се запознаеме. Сакам вечерни состаноци и неделни доручеци. Ги сакам оние по малку непријатни моменти на запознавање со семејствата и оние шеги што само ние двајца ги разбираме.

Сакам да бидам доволно вредна за да бидеш искрен со мене и да ми кажеш на што сме.
Сакам да бидам во врска во која ќе знам кога е почетокот, а кога крајот.

Сакам да го најдам мажот од моите соништа и да градиме заеднички живот. Сакам да се омажам и да имам деца. Сакам дом и куче. Сакам секоја вечер  да си легнувам и да се будам со истиот човек.

Но, наместо тоа, денес имам милиони луѓе на наше располагање. Ние ја отворивме вратата да можеме да ги разгледуваме луѓето и да ги бираме тие што ни се допаѓаат и тоа исклучиво на место, достапност и изглед.

Станавме општество во кое не градиме вистински и длабоки врски, туку постојано сме „поврзани“ со илјадници луѓе.

Врските станаа неодредена работа.

Прво „зборите“ и „се дружите“ и после некој месец ја слушаш таа толку позната реченица: „Супер си, ама не сум заинтересиран за врска, ама може да продолжиме да се дружиме“.

И така ти си мислиш, па што тогаш правевме во последните неколку месеци? Која беше поентата што поминувавме време заедно?

Ние не ставаме етикети на нашите врски. Може да се дружиме и да излегуваме, но не сме дечко и девојка. Тоа значи дека можеме да се „дружиме“ со уште 5 други луѓе.

Замисли можеме и да се посветиме некому и да мислиме и за нивните желби и потреби, а не само за нашите. Каква страшна идеја!

Ние може да збориме, да се дружиме, да имаме секс, што и да е, но не можеме да ставиме етикета на тоа, затоа што кога ќе ни се здосади, кога ќе изгубиме интерес  или најдеме нешто поинтересно, тогаш всушност би должеле објаснување за нашиот избор.

Без таа етикета, можеме само да престанеме да им збориме и се е супер. Не мора да им кажеме „збогум“ затоа што не сме биле во врска со нив. И одеднаш таа „врска“ е завршена уште пред да почне.

Што се случи со запознавањето, излегувањето, посветувањето време и ако не оди, тогаш раскинуваш, тажиш и продолжуваш понатаму? Каде исчезна сето тоа?

Ние им праќаме разголени слики на луѓето, но не дај Боже да ставиме етикета дека сме нечија девојка или нечиј дечко. Како одеднаш ова стана нормално?

Дали јас сум последниот примерок кој сака нешто вистинско наместо овој беден изговор за љубов кој постои овие денови?