Наумовски ветува дека ќе го врати Ѓорче на граѓаните, Мисајловски најавува улици, паркови и градинки

Александар Наумовски, актуелниот директор на истражниот затвор „Скопје“, на претстојните локални избори, по втор пат, ќе се обиде да ја добие довербата на жителите на скопската општина Ѓорче Петров, откако во 2013 година загуби на изборите. Во трката за кандидат на Ѓорче Петров влегува и Владо Мисајловски, доскорешен Министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски.

На првиот ден од изборната трка Фокус објави интервју со Александар Наумовски во кое тој ветува дека ќе го врати Ѓорче Петров на граѓаните на Ѓорче.

Истовремено, Владо Мисајловски вчера изјави дека во Ѓорче Петров ќе се реализираат низа инфраструктурни проекти. 

Ќе има многу нови улици, преку 100 нови улици за асфалтирање во Ѓорче Петров. Две нови градинки ќе направиме во Ѓорче Петров. Многу водоводи и канализации насекаде, особено во руралниот дел, истакна Мисајловски.

Тој потенцира дека ќе работи на тоа во секое маало да има нови паркчиња и игралишта, нови детски катчиња.