Сакате да живеете подолго? Да го намалите ризикот од срцеви заболувања и рак? Тогаш, на работа одете со велосипед.

ББС ги пренесува резултатите од истражување кое вклучува 250 000 жители на Велика Британија кое било спроведувано цели 5 години, а според кое возењето велосипед има многу големи бенефити за нашето здравје.

Ова истражување се обидело да направи споредба меѓу активните и неактивните граѓани, со посебен акцент на оние кои на работното место оделе со велосипед, односно кои возеле велосипед околу 30 часа во текот на неделата. Според нивните податоци, голем дел од неактивните граѓани биле дијагностицирани со рак или имале срцеби проблеми. 

Според др. Џејсон Џил постои јасна поврзаност меѓу активниот начин на живот и намалувањето на ризикот од различни здравствени проблеми. Одењето на велосипед на работа е корисно бидејќи со активирањето на телото и умот наутро, односно пред работата го будиме својот организам и на тој начин се подготвуваме за стресниот и напор ден, кој е секојдневие за многумина од нас.

Сепак, тој додава дека потребна е промена во инфраструктурата за да се мотивираат луѓето почесто да користат велосипед. Тој истакнува дека потребни се нови велосипедски патеки, олеснување на ставањето на велосипедите во автобусите или возовите, како  и тушеви во компаниите.