Научно докажани начини како да влијаете на луѓето без да кажете збор

Сите би сакале да го знаат вистинскиот начин како да им пристапат на луѓето или пак како успешно да забележат одредени нешта кои не се забележливи на прв поглед.

Сакате да знаете дали луѓето се заинтересирани? Гледајте во нивните зеници.

Зениците се еден дел од телото над кој немаме никаква контрола. Екхард Хес  во 1975 г. докажал дека нашите зеници се шират кога гледаме во личност на која сме ѝ интересни.

Се прашувате дали ѝ се допаѓате на некоја личност?Гледајте во нивните стапала.

Најголем дел од луѓето внимаваат на нивните изрази на лицето, но тие не обрнуваат внимание на нивните стопала. Затоа, ако нивните стопала се насочени директно во вас, тоа е сигурен знак дека им се допаѓате.

Сакате луѓето да ви веруваат? Носете сино.

Сината боја означува доверба, конзервативност, безбедност и сигурност, но и е боја на чистотата. Од друга страна пак, црвената е боја која ја одзема моќта, испраќа негативна енергија и означува опасност.

Кога луѓето најмногу лажат? Делот од денот има големо влијание на тоа.

Според многу истражувања, луѓето лажат или изневеруваат најмногу кога се уморни. Исто така, докажано е дека луѓето кои обожаваат да стануваат рано, лажат најмногу во текот на ноќта, а ноќните птици пак во текот на утрото.

Сакате да делувате важно? Раширете се.

Моќните луѓе заземаат многу место. Тие ги рашируваат нивните раце и нозе, правејќи широки гестови и генерално ја исполнуваат собата. На тој начин, тие делуваат сестрано и непосредно, но и изгледаат важно и моќно за останатите луѓе во просторијата.

Што најмногу ги возбудува мажите? Мирис на лаванда и пита од тиква.

Според многу истражувања, покажано е дека мирисот на лаванда и пита од тиква ги возбудува мажите за неверојатни 40%. Втор на листата е мирисот на крофни.

Сакате да убедите некого? Климајте со главата.

Доколку сакате одредена личност да ја натерате да каже „да“, климајте со главата. Докажано е дека тоа е заразно и предизвикува добро чувство кај вашиот слушател.

Сакате да делувате искусно во сексот? Ставете тетоважа.

Истражувањето објавено во Дневникот на индивидуални разлики во САД покажало дека луѓето со тетоважи се сметаат за повеќе подготвени за авантура и со самото тоа поискусни во многу области, а особено во сексот.

cheap nike free run 5.0