Научниците предупредуваат за еден најчест симптом на корона вирусот кој ги имаат сите пациенти

Губење на чувството за мирис и вкус е еден од најчестите симптоми на лицата кои се заболени од корона вирусот. Ова е еден од заклучоците на истражувачите на King’s College – от во Лондон.

Тие создадоа посебна апликација, која до 31 март собра податоци од 1.8 милиони корисници. Според нив, овој симптом е многу почест од покачената температура и треска за која предупредуваат лекарите. 

Освен тие симптоми, некои од најчестите вклучуваат и температура (над 38 С), сува кашлица, дијареа, болки во стомакот, замор и губење на апетитот.