Како што стареев, сѐ помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои ми ги даваше животот и сѐ појасно сфаќав каде треба да го барам вистинскиот извор на радост и смисла.

Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, но да сакаш – тоа е сѐ. Способноста да чувствуваме е она што дава вредност и убавина на нашето постоење. Каде и на Земјата да се појави она што може да се нарече среќа, тоа е составено од чувства.

Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, а сепак се несреќни.

Убавината не е ништо. Сум видел многу убави мажи и жени кои биле несреќни и покрај својата убавина.

И здравјето не е сѐ: здрав е оној кој така се чувствува. Постојат болни луѓе кои се полни со волја за живот, а постојат и здрави луѓе кои овенале плашејќи се дека ќе страдаат.

Но, среќата секогаш се наоѓала таму каде што некој знаел да сака и да живее за своите чувства. Ако ги негувал, ако не ги газел и поттиснувал, тие му носеле задоволство. Убавината не му дава радост на оној кој ја поседува, туку на оној кој умее да ја сака и да ѝ се восхитува...

  • Херман Хесе