Научи да се носиш со работите кои не можеш да ги промениш

Научете да се носите со работите кои не можете да ги промените, тоа е тајната на животната среќа. Ве лажат оние кои ве скокоткаат со празни зборови и кои ве дават со површни дефиниции за среќа, а зад нив се наоѓа само празна приказна. Треба да се научиме да се носиме со работите кои не се под наша контрола, а нив ги има многу, каде и да се свртиш, мора да научиме да одиме напред дури и кога мислиме дека нема каде да одиме, да научиме да не размислуваме за минатото.

Најголема животна мудрост е човек да се научи да се носи со работите кои не може да ги промени. Не може да одите со глава низ ѕид, ѕидот ќе остане, а вие ќе си ја скршите главата. Тука не помагаат ниту мудрите изреки кои ви велат да го водите својот живот напред, ниту луѓето кои се нарекуваат учители можат да ви помогнат во тоа. Не ви требаат стотина семинари со мотивациски пораки за да мислите позитивно кога работите кои се надвор од вашата контрола ќе останат надвор од вашата контрола, без оглед на тоа што мислите вие. 

Научете на време да ги препознаете работите кои не се под ваша контрола, па така ќе избегнете многу разочарувања, лажни надежи кои не ни биле надежи, туку само заблуди кои од самиот почеток требало да ти бидат јасни. Само застанете и набљудувајте го вашиот живот, вашите желби и очекувања, размислете за вашите способности и можности, препознајте ја разликата меѓу соништата и реалноста. И прифатете го сето тоа. Треба време за човек да се соочи со реалноста, треба да се дојде до тие болни точки во себеси и да се прејде преку нив. Нема далеку да отидете со буткање на главата во песок. 

Кога ќе научите да се носите со работите кои не можете да ги промените, ќе видите дека секој ден може да биде убав, ќе откриете многу благоослови во светот околу себе и ќе се прашувате зошто толку долго сте собирале негативност во себе. Ако се прашувате како да се носите со работтите кои не можете да ги промените, само одлучете да го направите тоа и веќе сте завршиле половина работа. Продолжете да одите по тој пат и гледајте како се менува вашиот живот.