Научи да останеш смирен, затоа што тоа е најдобриот знак дека си господар на твојот живот

Да останеш смирен наспроти тоа што твоите планови не се оствариле и тоа што другите се ситат на твојот неуспех.

Да останеш смирен кога ќе почувствуваш дека туѓите зборови не се вистините, затоа што само тие ќе ги чувствуваат последиците на нивните лаги.

Да останеш смирен кога ќе те нападнат со критики, но и кога ти даваат комплименти, затоа што сфаќаш дека тоа се само обични зборови.

Најголема животна уметност е да останеш смирен без оглед на тоа што се случува околу тебе. Па дури и кога ќе победиш, затоа што си свесен дека тие победи нема вечно да траат и дека гордоста не го зголемува, туку го скратува твојот мир.

Да останеш смирен и кога ти велат дека на нив можеш да се потпреш и кога се колнат во нивното пријателство, затоа што си свесен дека зборот најчесто се погазува во овој свет.

Да останеш смирен и покрај повредите и сплетките од другите, затоа што сфаќаш дека не мораш да прифатиш сѐ што доаѓа од некој друг и дека тоа не мора да влијае на твојот внатрешен свет и дека може да пројде покрај тебе како ветер.

Да останеш смирен и покрај раните кои ги добиваш, затоа што од нив ќе станеш посилен. Да научиш да останеш мирен такашто ќе поставиш граници со луѓето и нема да дозволиш да те третираат како будала.

Да останеш смирен, затоа што тоа е знак дека си научил да го сакаш својот живот, затоа што каков и да е – твој е.

Да останеш смирен, затоа што тоа е најдобар знак дека си господар на твојот живот!

cheap nike free run 5.0