Научи да не трошиш време и енергија на луѓе кои не можеш да ги направиш среќни

Научи да не си трошиш време и енергија на луѓе кои не можеш да ги направиш среќни. Тоа никому не му пошло од рака, па нема ни на тебе. Немој премногу да се губиш и трудиш да им бидеш сѐ на сите. Таа желба се граничи со лудило, затоа што на крај ќе станеш непријател на сите, особено на себеси. Единствено што можеш е да бидеш личност во чие присуство луѓето се чувствуваат убаво, затоа што забележуваат дека ги цениш, почитуваш, охрабруваш и тоа треба да те задоволува. 

Научи да не си трошиш време и енергија во празни зборови на хартија. Светот е место каде секоj си гледа за себе. Она што мислиш дека можеш да го добиеш, прво треба да го дадеш, а и тогаш е под знак прашалник дали и кога ќе го добиеш тоа што ти треба и тоа што го сакаш. Кога ќе го насочиш своето време и енергија на создавање свое катче каде твојот мир ќе ти биде приоритет, ќе видиш дека е подобро да се откажеш од сѐ друго. 

Научи да не си трошиш енергија и време на мислењето на другите луѓе. Дали тие размислуваат за тоа што ти мислиш, дали обрнуваат внимание на тоа што ти го сакаш, дали се грижат за твоите чувства? Не е себичност ако сакаш да се заштитиш себеси од емоционални грабливции. Законот за преживување е твојата желба да го имаш она достоинство кое ти припаѓа и оној мир со кој секој ден радосно ќе се будиш и ќе се движиш кон твоите цели. 

Научи да не си трошиш време и енергија на туѓи приказни и на занимавање со тоа што прават или не прават другите. Не се занимавај со туѓите победи и порази, не ги гледај туѓите грешки. Ти гледај си го твојот живот. Кога блескаш со својот живот, тогаш твојот придонес кон туѓата промена е максимален, а кога со своите мани се трудиш да ги промениш маните на другите, нема да постигнеш ништо. 

Научи да не си трошиш време и енергија на она што не е под твоја контрола и тогаш ќе видиш дека ќе се насочиш само на она што е под твоја контрола. 

Тогаш промената ќе биде неминовна.