Научете да не трошите време и енергија на луѓе кои не можете да ги направите среќни

Научете да не трошите време и енергија на луѓе кои не можете да ги направите среќни. Никому не му пошло тоа од рака, па нема ни на вас.

Не се губете премногу во тоа да им бидете сѐ на сите. Таа желба се граничи со лудило, затоа што на крајот на сите ќе им станеш непријател, а на највеќе на самиот себе. Немој да гледаш идоли во другите луѓе, ниту пак ти треба да бидеш нечиј споменик.

Единствено што можете да направите е да бидете луѓе во чие друштво другите убаво се чувствуваат, затоа што забележуваат дека ги цените, почитувате и охрабрувате и бидете задоволни со тоа.

Светот е место во кое секој си ги гледа своите интереси. Она што мислите дека треба да го добиете прво треба да го дадете, а и тогаш не е баш сигурно дека ќе го добиете она што ви е потребно.

Кога ќе го насочите вашето време и кога ќе ја трошите енергијата на создавање ваш свет во кој приоритет ќе биде вашиот мир, ќе видите дека целиот живот ќе ви се промени од корен.

Научете да не трошите време и енергија на мислењето на другите луѓе. Дали тие мислат на вашите мислења, желби, внимаваат ли на вашите чувства?

Не е себичност ако сакате да се зашттитите себеси од емоционални и енергетски вампири на овој свет, тоа е закон на преживување, вашата желба од животот да го добиете она што достоинствено ви припаѓа и оној мир со кој секој ден радосно ќе се будите и ќе заминувате кон остварување на вашите цели.

Научете да не трошите време и енергија гледајќи што прават другите. Не се занимавајте со туѓи победи и порази, не ги гледајте туѓите грешки. Единствено што можете да направите е да бидете пример со вашите постапки.

Кога блескате со својот живот, тогаш вашиот придонес кон туѓата промена е максимален, а кога со своите мани се обидувате да промените туѓи мани, нема ништо да постигнете.

Научете да не трошите време и енергија на работи кои не се во ваша контрола и одеднаш ќе се насочите само на она што е под ваша контрола.

Промената тогаш ќе биде неминовна.

cheap nike air max 90