Настани во Спортскиот центар “Јане Сандански” оваа недела

Оваа недела во Спортскиот центар „Јане Сандански” ќе се одржат два натпревари.

Денеска со почеток од 19 часот, кошаркарскиот тим МЗТ Скопје Аеродром ќе се сретне со тимот на Нижни Новогород во ЕВРОКУПОТ.  

Во сабота (10.12.2016) ракометниот клуб Вардар игра против тимот на Целје. Натпреварот започнува во 20:30 часот (СЕХА лига).

Карти може да набавите на билетарата при СЦ “Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.