Насочените турбофен мотори избрани за 110 ербас а321 НЕО авиони и 90 права на купување

Wizz Air Holding Plc, најголемата компанија за ниско-буџетни летови во Централна и Источна Европа, објави дека по извшената селекција од доставените понуди, ја избра понудата на Pratt&Whitney за опремување на своите 110 ербаси А321 нео авиони со турбофан насочени мотори. Испораката на А321 нео ќе започне 2019 година. Склучениот договор, исто така, вклучува додатни 90 А321 нео авиони над кои Wizz Air има неопределени права на купување, како и поголем број на резервни мотори.

Договорот е во вредност од над 2,5 милијарди долари по тековни дадени цени и е вклучен во цената на купување која им се исплаќа на Airbas S.A.S. за А321 авионите, според договорот потпишан од Wizz Air во 2015 година. Дел од договорот е Wizz Air да влезе во долгорочна програма за управување со флотата заедно со Pratt&Whitney , со тоа обезбедувајќи континуирано високо-квалитетно одржување на новите мотори .

Jozsef Varadi, извршен директор на Wizz Air изјави ”По детален процес на разгледување на понудите, заклучивме дека турбофан насочените мотори имаат најдобра понудена вредност, како и максимална ефикасност при потрошувачката на гориво и оперативноста. Оваа метрика директно ќе се одрази на намалувањето на оперативните трошоци на нашиот бизнис. Ние веќе имаме доста ниски базични трошоци, па затоа се фокусиравме да бидеме уште поуспешни во понудата на најниско-буџетни летови за нашите потрошувачи, а исто така и да им обезбедиме поголема добивка на нашите акционери”.

За WIZZ AIR:

Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 70 “Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 420 рути од 25 бази поврзувајќи 124 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.600 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 20 милиони патнициво последните 12 месеци. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“.Wizz Airбеа именувани за авиокомпанија со најдобри вредности за 2016та година од страна на „Air Transport Worlf“ (ATW), еден од најголемите мултимедијални предавачи на информации и услуги на глобалниот авиопазар.