Наскоро започнува летното сметање на времто

Последната недела од март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе ги придвижеме  еден час напред.

Овој систем е предложен во 1905та од Вилијам Вилет, а првпат е широко применет во 1916та, како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. Денес во Европа е прифатена конвенцијата ,летното сметање на времето да започнува последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.