Наскоро нов видео запис за необјавена песна на Тоше Проески

По повод десетгодишнината од смртта на Тоше Проески, а под покровителство на Фондацијата што го носи неговото име, ќе се снима спот за песна од Тоше која не е објавена досега.

-Спотот за песната „Secret Place“ ќе почне да се снима деновиве во Крушево. Спотот се очекува да биде промовиран на 16 октомври, на денот кога пред точно десет години Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, стои во видеото кое кружи на социјалните мрежи.

 Фондацијата Тоше Проески неколкупати промовираше нови, необјавени песни на Тоше, но ова е прв пат за една песна да се сними спот.