Наскоро нов јавен повик за субвенции за евтини летови

Наредниве денови ќе биде распишан јавниот повик за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании.

Министерот за транспорт и врски Сугарески најави дека денеска е потпишано решението за формирање на комисија која ќе го тендерира јавниот повик додавајќи дека заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон охридскиот аеродром.

Во финална фаза е и изградбата на автопатот Кичево Охрид при крај се преговорите со Кинезите а наредниве денови анекс договорот треба да оди на владина седница .

Министерот за транспорт и врски Сугарески најави и реконструкција на патот Охрид-Подмоље –Струга патот Охрид- Свети Наум ,Струга Ќафасан и реконструкции и изградби на локални патишта во охридско струшкиот регион.