Насилници со нож дивеат на Партизанска - нападнато уште едно момче

Во 20 часот и 30 минути синоќа, 20-годишниот А.М. од Скопје пријавил дека околу 18 часот додека се движел од булевар „Партизански Одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му било извршено разбојништво.

Имено, насилниците со закана со нож, му побарале пари, а од кога им одговорил дека нема, му го одзеле часовникот од 15.000 денари.

Потоа избегале во непознат правец.