Насилници искршиле автобус на ЈСП на Бит пазар

Група од десет насилници искршиле стакло на автобус на ЈСП со број 50 додека се движел по булеварот пред Бит пазар. Во инцидентот нема повредени.

Според информациите на МВР, синоќа во 00.46 часот во полиција било пријавено дека на булевар Крсте Мисирков, пред поликлиника „Бит пазар“, од страна на околу 10 непознати лица со тврд предмет било оштетено стакло од автобус на Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) со број 50 кој сообраќа на релација Државна болница – населба Хиподром.

По оштетувањето не биле пријавени повредени лица. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.