Нашите најдобри пријатели: Нивната љубов е посилна од сѐ на светот

Секое утро се будиме и ставаме маска на себе за да можеме успешно да функционираме во текот на денот. Се трудиме да бидеме силни и успешни, да се носиме со сите предизвици кои ни ги носи животот. Се соочуваме со тага, депресија и осаменост. Бараме човечка поврзаност, но тоа е ретко.

Последните неколку години, статистиките покажуваат дека луѓето кои се врзани со технологијата во голема мера, се чувствуваат многу осамено. Доаѓаме дома, јадеме нешто, се фрламе на софата и веднаш го земаме лаптопот или мобилниот телефон. Таа иста нездрава рутина ја повторуваме секој ден.

Но, неодамнешните истражувања покажуваат дека домашните миленичиња можат да ни помогнат да избегаме од сето тоа, да ја намалат нашата тага и депресија, но и нашата осаменост.

Покрај нив, никогаш не сме сами

Дали сте забележале дека како што стареат луѓето, се повеќе се повлекуваат во себеси, размислуваат за семејството, болестите и за работите што не ги направиле во текот на својот живот. Домашните миленичиња пак ја враќаат насмевката на нивното лице, им даваат чувство на среќа и задоволство.

Секогаш можат да нѐ насмејат

Тие гледаат на нас како нивни јунаци и се возбудени и среќни кога ќе се вратиме дома. Нивните будалаштини можат да нѐ насмејат до солзи, дури и кога сме сами. Тоа го намалува нашето чувство на тага и нѐ ослободува од стресот и нервозата.

Тие се инстинктивни

Дали понекогаш имате лош ден кога посакувате некој да ве праша како сте? Што не е во ред? Домашните миленичиња имаат инстинкт кога можат да го забележат нашето расположение кога ќе се вратиме дома. Тие забележуваат кога сме среќни, но и кога сме тажни. Тоа им овозможува да го прилагодат своето расположение кога се покрај нас.