Народна банка и Бирото за образование ќе реализираат соработка

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов и директорката на Бирото за образование, Весна Хорватовиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции, кој се однесува на делот на финансиската писменост и економијата во образованието. 

Во соопштението од НБРМ се вели дека двете институции ќе соработуваат преку вршење на консултации за стратешки важните прашања на национално и меѓународно ниво, подготовка на наставен и прирачен материјал за користење во образовниот процес, како и организирање на обуки и едукативни активности поврзани со економијата и финансиското работење, во кој ќе бидат вклучени како учениците така и професорите. 

-Со меморандумот се очекува зацврстување на соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација, со што ќе се придонесе за зголемување на на свеста кај учениците и јакнење на нивните финансиски знаења. Тоа ќе резултира со нивно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем, стои во соопштението.