Наредните денови следува намалување на цената на горивата

Најновите ценовни движења на суровата нафта најавуваат значително намалување на нејзината малопродажна цена во Македонија од следниот понеделник. 

Денес, барел сурова нафта на берзата во Лондон се тргуваше за 49,9 долари што всушност претставува раст на цената од 0,1% во однос на претходниот ден.

Меѓутоа, оваа цена се наоѓа се уште под нивото на цената врз основа на која РКЕ ги формираше малопродажните цени во Македонија на 29-ти минатиот месец. 

Тогаш, РКЕ пресмета средна цена од 52,3 долари за барел што е скоро 2,5 долари повеќе во однос на тековната цена. 

Во тој случај, доколку нема некои посериозни шокови на пазарот денес или утре, од понеделник може да очекуваме дека регулаторот ќе ги намали цените за неколку денари.