Наредната недела во Скопје четврти пат прскање против комарци

Цела недела ќе се прска во Скопје против комарци, известуваат од Град Скопје.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека четвртиот наврат на терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје ќе се одвива во деновите од 28.8.2017 до 2.9.2017 година (од понеделник до сабота), во периодот од 23 до 4 часот наутро наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестричната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.