Направете превкусен десерт: Брза торта со бисквити!

Состојки:

500 г бисквити

4 жолчки од јајца

6 лажици шеќер

4 лажици брашно

0,5 л млеко + млеко за натопување на бисквитите

1 ванилин шеќер

Лажица маргарин

Подготовка:

1. Половина л млеко, 4 лажици шеќер и маргарин ставете да провријат. Жолчките измешајте ги со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко. Во врело млеко полека ставете ја смесата со жолчките, непрекинато мешајќи. Варете околу 2 минути. Оставете да се олади.

2. Бисквитите натопете ги во топло млеко и наредете ги на тацна. Филувајте ги со оладениот фил и одозгора ставете уште еден ред бисквити. По желба можете да украсите со шлаг.