Направете го овој тест и за 30 секунди дознајте дали сте за диета

Некој килограм повеќе не е страшна работа, но доколку станува збор за многу повеќе, состојбата станува сериозна…

Веќе е добро познато дека обемот на струкот и стомакот ја покажува состојбата во која се наоѓа вашето тело. Доколку стомакот ви е поголем, а не се работи за обична надуеност, постојат големи шанси да станува збор за дебелина.

Но како да знаете кога е време за диета? Овој тест, за кој ви се потребни 30 секунди, ќе ви помогне да дознаете.

Потребно е да земете врвка или јаже или пак кројачко метро кое е долго исто колку што и вие сте високи (од глава до пети). Тоа јаже потоа преклопете го на половина и ставете го околу стукот. Доколку можете да ги допрете краевите тогаш имате здрава тежина, но доколку не можете, време е за диета.

Всушност, обемот на половината треба да изнесува една половина од вашата висина. На пример, доколку сте високи 1,70 м вашиот обем околу половината треба да изнесува максимум 85 см.