Наполнете ги резервоарите: Можно е значително поскапување на горивата

Цените на нафтата на светските берзи при крајот од минатата недела забележаа раст, и тоа во просек над половна долар од барел што според експертите укажува на стабилизација на глобалните пазари. Нејзината вредност денес изнесува речиси 50 долари по барел. 

Ова може да биде јасен показател за тоа што не очекува од следната недела кога во понеделник Регулаторната Комисија за Енергетика ќе се состане да ги утврди новите цени на горивата и дизелот. 

Имајќи го предвид фактот дека како главни фактори на секој “штелување“ на цената на дериватите се цената на нафтата и курсот на денарот во однос на доларот, можеме да очекуваме дека ќе следуваат нагли промени на цената и тоа во нагорна линија.

Последен пат цената на горивата претрпе промени на 15-ти мај кога РКЕ одлучи да ја намали истата. Редовната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 65 денари, ЕУРОДИЗЕЛ се продава за 49 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство се продава 37,5 денари. Мазутот М-1 се продава за 25,25 денари.

Сепак, крајниот збор ќе го има РКЕ кога на 29-ти мај ќе се состане да одлучува за новата цена на дериватите која ќе важи во наредните две седмици.