Напиток од две состојки кој го прочистува телото и го забрзува метаболизмот за два дена

Дали некогаш сте слушнале за сите здравствени предности на водата од грозје? Овој необичен пијалок претставува одличен додаток на вашата диета, особено бидејќи се грижи за доброто здравје на црниот дроб.

Во што е тајната на овој пијалок?

Водата во која се варело сувото грозје стимулира одредени биохемиски процеси во црниот дроб кои му помагаат за поефикасна детоксикација на крвта.

Најголемиот „виновник“ за ова е самото суво грозје, а доколку го следите овој третман цели четири дена ќе забележите дека вашето варење е подобрено, како и дека имате повеќе енергија.

Докторите често препорачуваат сувото грозје да го јадеме наутро за подобро да се грижиме за здравјето на срцето, да го елиминираме лошиот холестерол, да го намалиме нивото на триглицериди и да ја подобриме работата на желудникот и самиот метаболизам.

Сувото грозје е природен извор на минерали и витамини, но негвиот ефект драстично се зголемува ако ја пиеме водата во која било потопено бидејќи на тој начин се намалува нивото на шеќерот.

Како се прави овој пијалок?

» Потребни ви се 400 милилитри вода и 150 грама суво грозје.

» Внимателно одберете го грозјето – одлучете се за она со потемна боја кое не е ни премногу тврдо, ни премногу меко. Измијте го и тргнете го на страна.

» Загрејте две шолји со вода додека не зоврие. Додадете го грозјето и оставете да вари 20 минути. Звучи лесно, но тоа не е се`. Потребно е да го оставите грозјето да се потопи преку ноќта.

» Следното утро процедете ја водата и повторно загрејте ја. Овој пијалок можете да го пиете врел или млак, но важно е да го пиете на празен стомак веднаш штом ќе се разбудите. Појадокот треба да го конзумирате половина час подоцна.

» Идеално е ова да го правите неколку дена во низа – минимум четири. Веќе после два дена ќе забележите дека желудникот подобро ви работи и ќе имате повеќе енергија, па овој пијалок особено им се препорачува на оние кои сакаат да ослабат.

Овој третман можете да го повторувате секој месец.