Вистинска драма се одвивала синоќа во 22 часот кај Зелениот пазар во Скопје. Во полицијата во Центар се јавил 47-годишниот Ј.Н. и пријавил по телефон дека на улицата „11-ти Октомври“ поточно во близина на автобуската станица кај Зелен Пазар, од страна на четири непознати лица извршено му било разбојништво на неговиот 15 годишен син, така што едно од лицата најпрвин го претресувало, а потоа му се заканило и му одзело мобилен телефон, по што избегале.

Насилниците така станале побогати за 6.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.