Нападнати и ограбени две девојки во Градски парк

Завчера во Градскиот парк во Скопје, двајца разбојници нападнале 28-годишна девојка од Скопје.

Ддодека Д.П. седела со нејзина другарка И.Б. исто така од Скопје им се доближиле непознатите момчиња Едниот им вперил пиштол во пределот на градите, по што им ги одзеле чантите.

Во чантата Д.П. имала паричник со 1.300 денари, лични документи и мобилен телефон, а додека пак од И.Б. одзеле 1.200 денари, рачен часовник и мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.