Црна Хроника
6. Јануари 2017 - 14:40

Нападната и ограбена скопјанка

Непознат сторител извршил разбојништво врз 60-годишна скопјанка која физички ја нападнале и одзеле чантата.

Разбојништвото се случило синоќа околу 8:00 часот кога во кругот на ОУ„Љубен Лапе“, непознат сторител од зад грб и пришол на М.Г.(60) од Скопје, ја турнал на земја и ја зел чантата и побегнал. Оштетената се здобила со повреди при што е пренесена во ГОБ„Наум Охридски“, каде и се констатирани ТП.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.