Нападнат испектор вработен во општината Чаир

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера неколку лица му нанеле повреди на Џ.И. (47) вработен како градежен испектор во општина Чаир.

Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Серава“ две непознати лица со разни предмети му нанеле повреди на Џ.И.(47) од Скопје - вработен како градежен инспектор во општина Чаир.

Според пријавеното, Џ.И. вршел контрола на објект во изградба за кој немало соодветна документација за градба, при што бил нападнат од двете лица. На Џ.И. му била укажана помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.