НАНОСИ ОД СНЕГ: Овие патни правци се блокирани од утрово

Денес од 07:50 час.регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираа дека и сообраќајот на патниот правец Куманово - Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на патот.

Од 22:35 часот повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.

Сообраќајот на патниот правец Куманово - Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот. 

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: ОД 08:00 часот патниот правец Крупиште-Пробиштип е прооден. 

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.