Здравје
10. Јануари 2017 - 15:42

Нанесете притисок на една точка на вашето тело и ослободете се од стресот и подобрете ја концентрацијата

Постојат голем број на масерски техники за опуштање на човековото тело. Поголемиот дел не само што се одлични за нашето здравје, туку и прават да се чувствуваме поубаво. Проблемот е што повеќето бараат повеќе слободно време, пари и помош од специјалист.

За среќа, ние пронајдовме едноставен метод кој ќе има сличен позитивен ефект врз вашето тело, без да треба да плаќате за скапи масажи. Големи се шансите дека во одреден дел од времето сте почувствувале потреба да ја масирате зоната помеѓу вашите веѓи. Е па, имаме добри вести за вас. Вашите инстинкти не ве излажале. Масирањето на оваа зона ја подобрува вашата концентрација, ја намалува тензијата, ве ослободува од главоболката и ги опушта вашите очи (особено ако долго време сте седеле пред компјутер). Оние кои ја практикуваат кинеската медицина се уверени дека масирањето на оваа точка ги подобрува интуитивните моќи кај човекот.

Што треба да направите?
Едноставно лесно притиснете ја точката помеѓу вашите веѓи и движете го вашиот прст 3 сантиметри во вертикална линија. Ставете притисок на таа точка и држете така 45 до 60 секунди. Нема да треба да чекате долго за резултатотот. Експертите објаснуваат дека оваа процедура го активира дел од мозокот кој помага за намалување на нервоза. Исто така го подобрува изгледот на кожата, особено околу очите и устата и помага при регенативните процеси.

Па, ако одеднаш се соочите со главоболка или вашите очи се уморни, сега знаете што да правите.