Намирници богати со антиоксиданси за зимските денови

Aнтиоксидансите во организмот играат важна заштитна улога, штитејќи го од штетното влијание на слободните радикали. Важни се за забавување на процесот на стареење и продолжување на виталноста. Зимата полека се приближува и се помалку ни се достапни бобинките и другото овошје, но затоа ви откриваме кои намирници се богати со антиоксиданси а се лесно достапни во зимските денови...

Билки и зачини
Освен што се во состојба да го оживеат секое јадење, билките и зачините се преполни со антиоксиданси. Најдобар избор се цимет, оригано, магдонос, ѓумбир, каранфилче и лук. Изборот е на вас како ќе ги искористите во вашата исхрана.

Темно чоколадо или какaо
Не мора да чувстувате вина ако секој ден посакувате коцка чоколадо. Добра вест е дека коцката темно чоколадо или филџан топло како ќе му ги даде потребните антиокисанси на вашиот организам.

Овошни сокови и црно вино
Иако преку зима немаме достапно секакво овошје, како замена можат да ви послужат природните овошни сокови. Антиоксиданси во вашиот организам ќе ви обезбеди и чаша црно вино, како и топлиот зелен чај.

Грав и леќа
Освен што се богати со протеини и влакна, гравот и леќата се одличен извор на антиоксиданси. Половина филџан грав и леќа ќе ви го дадат истиот ефект како и чаша зелен чај.

Јаткасто овошје
Изгледа дека ова овошје се појавува на секоја листа на најдобри намирници за нашето здравје. Овие мали вкусни залаци се одлични како грицкалки и здрав меѓуоброк. Каде и да се наоѓате секогаш можете да си понесете шака ореви и да го ублажите гладот.